
Дојде крај на импресивната низа на Рома во Серија А. „Волчицата“ од Рим, под водство на Клаудио Раниери, по деветнаесет кола без пораз конечно падна – и тоа на тешкото гостување кај Аталанта, каде загуби со 2-1. Со триумфот, тимот од Бергамо обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, додека Рома не само што остана без надеж за елитната фаза на УЕФА, туку сега е во ризик да остане и без учество во Конференциската лига.
Натпреварот започна совршено за домаќините – по одлична акција на Де Кетеларе, топката стигна до Адемола Лукман кој со својот 15. гол оваа сезона донесе водство од 1-0 за Аталанта. Но, Рома не се предаде и Брајан Кристанте погоди по 30 минути игра за израмнување на 1-1, резултат со кој заврши првото полувреме.
Во вториот дел, римјаните имаа неколку добри шанси за пресврт, но на крајот домаќините беа поефикасни – Сулемана во 76. минута го постигна победничкиот гол и ги постави конечните 2-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Гранит Џака потпишува за Сандерленд

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
