
Извршниот директор на Аталанта, Лука Перкаси, ја претстави позицијата на клубот во врска со барањето за трансфер на Адемола Лукман во Интер и откри кои две услови биле договорени со играчот за негова потенцијална продажба. Повод за реакцијата беше објавата на Луукман на Инстаграм, во која тој остро го обвини клубот за непочитување на договорот и лош однос.
„Сакам да појаснам што се случи“, изјави Перкаси на прес-конференцијата по претставувањето на новиот втор голман Марко Спортиело.
„Минатата година добивме понуда од 20 милиони евра од Пари Сен Жермен, по што играчот побара да биде продаден. Како сериозен клуб, му ветивме дека ќе му излеземе во пресрет ова лето, но само ако бидат исполнети двa услови – и двата предложени од него. Прво: трансферот да биде во врвeн европски клуб. Второ: тој никогаш да не облече дрес на друг италијански клуб, освен Аталанта, поради она што го направи за нас и што доби од нас.“
„Ситуацијата сега е поинаква. Клубот секогаш внимателно ја проценува вредноста на своите играчи и моментот за продажба. Но, како и секогаш, Аталанта е таа што ја носи конечната одлука,“ заклучи Перкаси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Левандовски следното лето доаѓа во Милан?

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
