Астон Вила започна со првични испитувања за можноста да го ангажира напаѓачот на Рома, Пауло Дибала. Англискиот клуб има сериозен интерес за Аргентинецот и веќе стапил во контакт со неговиот агент за да ги направи првите чекори за евентуален трансфер на лето, пишува „Кориере дела Сера“.
Дибала има одлична сезона во Рома и е важен играч за тимот. Оваа сезона има 14 гола и седум асистенции на 28 натпревари. Сепак, неговиот договор е само до 2025 година, а има и скромна откупна клаузула од 13 милиони евра која лесно може да ја плати Астон Вила.
Всушност, клубот од Бирмингем не е единствениот од Премиер-лигата заинтересиран за аргентинскиот репрезентативец. Него будно го следат и Њукасл и Челси.
Иако му е удобно во Рома, Дибала може да биде во искушение да испроба нов предизвик на крајот од кариерата. Сега има 30 години и ова може да му биде последна шанса да си ја проба среќата во Премиер – лигата. Иако неговата цена не е особено висока, клубот кој сака да го привлече мора да му подготви прилично сериозна плата на Аргентинецот, околу 8 милиони евра по сезона.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski