Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, нема намера да си замине од кормилото на „топчиите“ иако тимот има очајна сезона во Премиер – лигата, а не успеа да избори пласман на европска сцена за следната сезона.
Арсенал во полуфинлето го заврши учеството во Лигата на Европа откако одигра 0-0 дома против Вилјареал, а претходно во Шпанија загуби со 2-1.
Лондонскиот клуб првпат после 26 години ќе остане без учество во европските натпреварувања.
„Треба да покажеме на теренот дека заслужуваме повеќе. Секогаш сме под притисок и јас лично сакам да го извлечам максимумот од екипата. Секако дека сме разочарни затоа што се надевавме на финале. Мислам дека сечија работа е под лупа, па и мојата, но верувам дека во иднина ќе бидеме многу подобри“, изјави Артета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













