Connect with us

Артета: Како можеа да го признаат голот на Њукасл? Се срамам што сум дел од Премиер-лигата!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше бесен по поразот од Њукасл со 1-0. Шпанецот не го криеше разочарувањето што голот на „чавките“ не беше поништен по долгиот преглед на ВАР, со сомневања за прекршок од Жоелинтон за време на акцијата, прекршок на голгетерот Ентони Гордон и можен офсајд.


„Како можеа да го признаат тој гол? Тоа е неверојатно, едноставно сум засрамен. Апсолутна срамота е што го примивме тој гол. Тоа не е гол поради многу причини, едноставно не е гол. Многу е тешко да се игра на ова ниво, па срамота е кога ќе примиш таков гол. Њукасл е врвен тим, но јас сум бесен во моментов. Во оваа земја сум 20 години и се срамам од тоа што се случи. Срамота е затоа што влогот овде е многу висок. Се трудиме секоја недела да правиме сериозни работи на највисоко ниво. Кога не ни оди добро, јас сум првиот што ја крева раката и презема одговорност. Но, ова што се случи е далеку од нивото што треба да биде во Премиер-лигата. Се срамам што бев дел од овој натпревар“, изјави Артета.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови