Италијанскиот првак Интер најверојатно ќе остане и без Лаутаро Мартинез. Аргентинскиот интернационалец не размислуваше за заминување, но ситуацијата одеднаш се промени по понудата која дојде од Арсенал. Тој го промени агентот и сега инсистира да биде продаден на „Емирати“.
Интер е во финансиски проблеми, заминувањето на Ашраф Хакими не ја среди комплетно ситуацијата на „Џузепе Меаца“ и клубот нема да се противи на неговото заминување. Арсенал е подготвен да плати 60 милиони евра за ангажманот на напаѓачот.
Симоне Инзаги веднаш ја пронајде и замената за Лаутаро Мартинез. Тој сака од Лацио да го доведе Хоакин Кореа, чии квалитети одлично ги познава од периодот додека работеше на „Олимпико“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













