
Англискиот премиерлигаш Арсенал се надева дека ќе ја искористи тековната истрага против Јувентус за да го доведе српскиот напаѓач Душан Влаховиќ. Јувентус е обвинет дека користел лажен капитал во финансиските книги и платил играчи „под маса“ за време на пандемијата на коронавирусот, поради што ќе има финансиска казна, одземање бодови, а му се заканува дури и исфрлање од Серија А.
„Спорт Медиасет“ пишува дека Јувентус би можел да ја смени трансфер стратегијата и да почне да продава играчи. Покрај Влаховиќ, кого лондонскиот клуб се обиде да го донесе и пред да замине во Јувентус, Арсенал го сака и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, исто така српски репрезентативец и играч од средниот ред на италијански Лацио.
Влаховиќ и Милинковиќ-Савиќ играа за репрезентацијата на Србија на Светското првенство во Катар, каде што беа елиминирани во групната фаза. Договорот на Влаховиќ со Јувентус е до 2026 година, а напаѓачот има вредност од 80 милиони евра. Милинковиќ-Савиќ е поврзан со Лацио до 2024 година, а неговата вредност е 60 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Интернационалци
Денковски ќе брани за Посушје

Евро-фудбал
Ливаковиќ замина на позајмица во Џирона

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
