
Европскиот клупски првак Реал Мадрид има потреба од победа со најмалку три гола разлика во реваншот против Арсенал во четвртфиналето од Лигата на шампионите, доколку сака да се пласира во полуфиналето на турнирот или барем да го одведе вечерашниот дуел на „Сантијаго Бернабеу“ во продолженија.
Мадриѓаните се соочуваат со оваа тешка задача откако минатата недела загубија со 0-3 на гостувањето во Лондон. Иако во последните години „кралевите“ направија неколку спектакуларни пресврти во елиминациската фаза од турнирот, овојпат предизвикот е уште поголем. Не само што Реал Мадрид мора да надополни негатива од три гола, туку и Арсенал не примил толку многу голови на еден натпревар речиси година и пол, истакнуваат англиските медиуми.
Arsenal have NOT conceded three or more goals in any match for 79 consecutive games, dating back to December 2023 🤯
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) April 16, 2025
The team that did it? Luton Town at Kenilworth Road 👀 pic.twitter.com/AnMoKJ8wkE
Последен пат „топчиите“ примија најмалку три гола при победата од 4-3 на гости кај Лутон во натпревар од Премиер – лигата на 9 декември 2023 година. Оттогаш, Арсенал одигра вкупно 79 натпревари во сите натпреварувања, при што оствари 31 натпревар без примен гол, прими по еден гол на 34 натпревари, а на останатите 14 доби по два гола.
Од друга страна, само оваа сезона Реал Мадрид има 23 натпревари во кои постигнал најмалку три гола во регуларното време, вклучувајќи 7 од 13-те натпревари во Лигата на шампионите сезонава.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
