
Арсенал ќе се соочи со голем предизвик бидејќи ќе остане без еден од своите најважни играчи, Букајо Сака, токму во клучниот дел од сезоната. Англискиот репрезентативец беше принуден да го напушти теренот уште во 24. минута од натпреварот против Кристал Палас во саботата, поради повреда на бутниот мускул на десната нога.
По завршувањето на натпреварот, Сака го напушти стадионот „Селхрст Парк“ со патерици, што дополнително ги зголеми стравувањата кај менаџерот на „топчиите“, Микел Артета, кој изрази загриженост за здравјето на својата главна ѕвезда.
Иако од клубот сè уште нема официјално соопштение за тежината на повредата, британските медиуми објавуваат дека Сака би можел да биде надвор од терените до шест недели.
Во тој период, Арсенал ќе се соочи со бројни важни натпревари, меѓу кои дуели со Ипсвич и Брентфорд, првото полуфинале во „Карабао купот“ против Њукасл, натпревар од третото коло на ФА купот со Манчестер Јунајтед, како и последните два натпревара од групната фаза во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
