
Ни три дена не поминаа од елиминацијата од Пари Сен Жермен во полуфиналето на Лигата на шампионите, а Арсенал веќе го договори првото бомбастично засилување. На „Емирати“ пристигнува играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди. Тој е голема желба и на Реал Мадрид, но очигледно дека Арсенал делува многу побрзо на пазарот.
Лондонскиот клуб ја активираше откупната клаузула од 60 милиони евра и сè е договорено околу големиот трансфер. Баскијците беа врзани за раце во оваа ситуација, а Зубименди ја прифати понудата и одлучи да им се приклучи на „топчиите“.
Како што пишува познатиот инсајдер Фабрицио Романо, наскоро ќе следуваат формалните чекори за да се финализира зделката во најкраток можен рок, односно во следните денови.
За разлика од минатата година, кога одби трансфер во Ливерпул и Манчестер Сити изразувајќи лојалност кон Реал Сосиедад, Зубименди сега ја прифати понудата од Англија. Популарниот Зуби одлучи да направи голем чекор во кариерата и да стане првото големо засилување ова лето – не само за Арсенал, туку и воопшто на трансфер пазарот.
Зубименди е еден од најценетите играчи за врска во Европа, со Шпанија стана европски шампион во Германија, а одличната форма од минатата сезона ја продолжи и оваа.
Интересно е што во Арсенал веќе го чека Микел Мерино, уште еден Шпанец кој минатото лето се пресели од истиот клуб, и исто така игра во средниот ред. Сега останува нивниот сонародник Микел Артета да го реши проблемот дека му недостасува и вистинска „деветка“ за конечно да направи исчекор во Премиер – лигата и во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
