Уругвајскиот интернационалец Роналд Араухо дефинитивно одлучил да премине во Јувентус, и покрај напорите на Барселона да го задржи
.
Договорот на уругвајскиот дефанзивец со Барселона истекува во летото 2026 година, а Каталонците одлучиле дека ќе го продадат само доколку самиот Араухо изрази желба да го напушти каталонскиот тим.
Сега останува Јувентус и Барселона да се договорат околу начинот на трансферот, што првично би требало да биде позајмица со можност за откуп за околу 50 милиони евра.
Араухо се докажа како еден од најдобрите дефанзивци во Европа кога е целосно здрав и подготвен, стекнувајќи репутација благодарение на својата физичка способност, тактичката флексибилност и одличното читање на играта во ситуациите еден на еден.
Неговото доаѓање во Торино би можело да помогне во решавањето на одбранбените проблеми на Јувентус по повредата на Глејсон Бремер, кој поради повредата на лигаментите на коленото ќе го пропушти остатокот од сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













