Шкендија успешно финализираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со хрватскиот интернационалец Антонио Павиќ. Овој 25-годишен фудбалер настапува како лев бек, а во Шкендија пристигна од редовите на Железничар, откако претходно настапуваше и за Копер и за Осијек.
„Дојдов затоа што амбициите на овој клуб секогаш се да се атакува на трофеи. Имав слушнато добри работи, не се распрашував премногу, а имав можност да ја видам Шкендија на дело на ланските подготовки во Анталија, каде што бев со Железничар“, изјави Павиќ по потписот на договорот со тетовци.
Хрватот е четврто засилување на Шкендија во овој преоден рок, по камбекот на Егзон Бејтулаи и потписите со Љупчо Дориев и со Бруно Дита.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













