Финалето на Лигата на шампиони е закажано во Истанбул на 29 мај, но се повеќе се размислува и за префрлување на финалната пресметка на Островот поради тоа што британската влада воведе ограничувања за патување на нејзините државјани во Турција каде коронавирусот не стивнува. Со оглед дека за трофејот ќе се натпреваруваат Манчестер Сити и Челси, ФА на Англија веќе лобира во УЕФА да го добие финалето на „Вембли“ во Лондон.
Култниот англиски стадион во овој момент би можел да биде исполнет со капацитет од 22.500 гледачи, а тоа секако и одговара и на УЕФА.
Европската куќа на фудбалот набрзо треба да донесе конечна одлука каде ќе се одржи финалето на ЛШ, дали ќе остане Истанбул град домаќин или пак организацијата ќе му биде доверена на некој друг град.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













