
Најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, нема да игра за репрезентацијата на Англија на претстојните европски квалификации со Италија и со Украина, соопштија од клубот. Напаѓачот се здобил со повреда на вчерашниот меч против Фулам во ФА купот и ќе паузира околу две седмици.
Според „црвените ѓаволи“ тој е под знак прашалник за пресметката со Њукасл на 2 април.
Поради повреди, од составот на Англија отпаднаа и играчот од средниот ред на Челси, Мејсон Маунт и голманот на Њукасл, Ник Поуп, кој ќе биде заменет со Фрејзер Форстер од Тотенхем.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција
