
Македонија е европската сензација, за првпат во историјата нашиот национален тим ќе биде дел од Европско првенство, а резултатот како бомба одекна низ Стариот континент. Полските медиуми го глорифицираат селекторот Игор Ангеловски кој добива на цена откако успеа да го оствари најдобриот резултат во изминатите три децении на кормилото на македонската национална селекција.
За полскиот медиум „Супер Експрес“ го објасни и рецептот за пласман на Европско првенство.
„Верба во себе и во квалитетите на фудбалерите и максимална работа и залагање. Уште од првиот ден, пред пет години кога го презедов кормилото на Македонија, верував дека можеме да се пласираме на Европско првенство затоа што имаме многу квалитетни фудбалери кои со успех играат во странство. Требаше сето тоа да се спои, а првиот работен ден го поминав во Џенова да го убедам капитенот Горан Пандев да се врати во националниот тим. За среќа, успеав во тоа и потоа со него како предводник на младите момци, се беше полесно, Тој им го покажа патот на успехот, со него во селекцијата се е поинаку. Секако, сите други бескрајно му веруваат и се среќни што можат да играат со величина, фудбалска легенда каква што е Горан Пандев“, изјави Игор Ангеловски.
Селекторот верува дека Македонија може и до нови чуда на Европското првенство.
„Судбината сакаше првиот меч да го играме против Австрија, двапати не победија во квалификациите, но видовме дека можеме да се носиме со нив и знаеме каде грешевме. Македонија не стравува од никого и ќе патува на ЕП за да докаже дека има квалитет да биде меѓу најдобрите“, истакна селекторот Ангеловски.
Би било надвор од памет ако ФФМ не го продолжи неговиот договор кој истекува на крајот од 2020 година.
„Мојот договор истекува на крајот од годината. Секако, во проекциите беше ЕП да се одржи во 2020 година. Јас моето го направив најдобро што знам и умеам, ја одведов Македонија на Европско првенство. Секако, сите знаат дека сакам да ја водам Македонија на шампионатот. Горд сум на сето она што го направивме. Сега следниот чекор треба да го направи федерацијата“, порача селекторот Игор Ангеловски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра
