Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер ќе ја пречека Словенија во квалификациски меч кој може да го одреди понатамошниот тек од циклусот. Селекторот Игор Ангеловски посакува Словенците безбедно да пристигнат во Скопје, но Македонија да стигне до триумф на утрешната пресметка.
„Им посакувам на Словенците да имаат мирен лет, безбедно да пристигнат во Скопје, тоа е најважно. Ние сме концентрирани на нашата игра и на тоа како да дојдеме до посакуваната победа. Ќе биде ова дуел на две репрезентации кои добро се познаваат. Верувам дека ќе пресуди мотивацијата, желбата, инаетот… Македонина има проблеми со повредите, но знам дека на терен ќе играат 11 подготвени фудбалери за борба, игра и за победа“, порача селекторот на националниот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













