
Поранешниот француски напаѓач Николас Анелка ја откри следната дестинација на Пол Погба. Тој тврди дека фудбалерот за врска е најблиску до враќање во татковината и потпис за Пари Сен Жермен.
Анелка играше за сите клубови кои го посакуваат Пол Погба, почна во ПСЖ, играше за Реал Мадрид и на крајот од кариерата одигра два натпревари за Јувентус. Тој тогаш беше ментор на Погба, има големо влијание врз него, а содржината на разговорот со фудбалерот на Јунајтед ја откри пред неколку месеци.
„Каде ќе оди Погба? Колку што знам, врз основа на она што го разговаравме, тој е отворен за идејата да се врати во татковината и да игра за Пари Сен Жермен“, вели Анелка.
Ова е одлична вест за Пари Сен Жермен, но и многу реална опција, бидејќи само тие можат да платат за тоа што го бара агентот Мино Раиола.
Реал Мадрид не сака да преговара со Раиола, ниту да му плати огромна провизија, а самиот Погба испрати сигнали до поранешниот клуб Јувентус. Според пишувањата на италијанските медиуми, иако со сите сили би се бореле за Французинот, сепак, во моментов Јувентус не може да плаќа околу 15 милиони евра по сезона, колку што е годишната плата на фудбалерот.
Затоа останува ПСЖ, Погба претходно не беше расположен за враќање во Франција, мисли дека лигата не е доволно атрактивна, но сега би можел да пристигне во родниот град. Сега е отворен за идејата да им се придружи на Меси и на Нејмар во ист тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве се премислува за трансферот на Џејдон Санчо

Втора лига
Турски инвеститор ја презеде Брегалница

Евро-фудбал
Караламбус: Голманот нѐ спаси од поубедлив пораз

Евро-фудбал
Грилиш ќе му се придружи на Де Бруин во Наполи?
