Камерунскиот голман Андре Онана и официјално ја промени средината, откако неговиот трансфер во Трабзонспор стана реалност. Играчот на Манчестер Јунајтед денес пристигна во Турција со специјален чартер-лет, а на фотографиите се појави во дресот на својот нов клуб.
Станува збор за едногодишна позајмица до крајот на сезоната, која беше можно да се реализира бидејќи трансфер-пазарот во Турција сè уште е отворен, за разлика од останатиот дел на Европа каде веќе е затворен.
André Onana is welcomed to Trabzonspor 💐 pic.twitter.com/hRkSeCdLC1
— B/R Football (@brfootball) September 11, 2025
Онана сезонава доби многу ограничена минутажа во редовите на „црвените ѓаволи“. Единствен негова официјален настап беше во Лига Купот против Гримсби, каде тимот загуби, а тоа уште повеќе ја намали неговата улога на „Олд Трафорд“. Токму поради тоа, клубот одлучи да го прати на место каде ќе добие повеќе шанси за редовни настапи.
По репрезентативните обврски со Камерун во квалификациите за Светското првенство, 28-годишниот голман директно замина за Турција за да ги финализира договорените детали со Трабзонспор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













