Првиот селектор на Македонија, Андон Дончевски, ги посети актуелните репрезентативци на вечерашниот тренинг, им посака многу среќа и успеси во новиот квалификациски циклус, а капитенот Стефан Ристовски му го подари новиот дрес на националниот тим.
„Јунаци, моја почит кон сите вас. Македонскиот фудбал го кренавте. Јас го почнав, тешко, меѓутоа знаев дека ќе дојде и генерација како вас“, им порача Дончевски на репрезентативците.
Ова треба да биде уште еден мотив повеќе за фудбалерите да одиграат квалитетен натпревар против Малта и да остварат успех.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement