Карло Анчелоти, во својата нова улога како селектор на бразилската фудбалска репрезентација, ќе заработува 770.000 евра месечно, или околу 9 милиони евра годишно, објави „ЕСПН“. Оваа сума го прави најплатениот селектор во историјата не само на Бразил, туку и меѓу сите актуелни селектори ширум светот.
За споредба, оваа плата е повеќе од двојно поголема од онаа што ја добиваа неговите претходници, Тите и Доривал Жуниор, кои важат за истакнати имиња во бразилскиот фудбал.
Во Европа, Томас Тухел (Англија) е најплатениот селектор со околу 6 милиони евра годишно. Потоа следуваат: Џулијан Нагелсман (Германија) – 4,8 милиони евра, Роберто Мартинез (Португалија) – 4 милиони евра, Дидие Дешамп (Франција) – 3,8 милиони евра, Луис де ла Фуенте (Шпанија) – 1,25 милиони евра.
Во Јужна Америка, највисока плата има Марсело Биелса (Уругвај) со 4 милиони евра, потоа доаѓаат: Рикардо Гарека (Чиле) – 3,2 милиони евра, Фернандо Батиста (Венецуела) – 2,7 милиони евра, Лионел Скалони (Аргентина) – 2,3 милиони евра.
Според „Глобо Еспорте“, договорот на Анчелоти со бразилската федерација содржи и две клучни клаузули: бонус од 5 милиони евра ако Бразил ја освои Светската титула во 2026 година, како и можност за организирање пријателски натпревар меѓу Реал Мадрид и репрезентацијата на Бразил.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Левандовски на зима ја напушта Барселона?
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













