
Рубен Аморим изјави дека знае како да го крене Манчестер Јунајтед на нозе, и дека тоа му помага да се справи со загрижувачкиот пад на клубот во Премиер – лигата. Иако го одведе Јунајтед до финалето на Лига Европа, тој призна дека може да се повлече следната сезона, доколку проблемите на клубот во домашното првенство продолжат – особено по домашниот пораз од Вест Хем во неделата, кој го спушти тимот на 16. место на табелата.
Тренерот, сепак, тврди дека веќе му објаснил на раководството дека има план како да се справи со проблемите во летниот период, додека Јунајтед се подготвува за ново преструктурирање.
„Разговарам со раководството, со сите, па дури и со навивачите во секој момент“, изјави тој. „Имам јасно чувство дека знам што му е потребно на овој тим за да биде многу подобар, и тоа ми помогна да го задржам моето ниво – да не паднам премногу ниско, но и да не се вознесам премногу високо во некои моменти.“
Аморим ги потврди своите коментари по натпреварот со Вест Хем, признавајќи дека настапот на Јунајтед во Премиер – лигата е „срамен“ и „неприфатлив“.
„Тешко е да се најде друг збор. Навистина ми е срам што од 25 натпревари остваривме само шест победи“, додаде тој. „Нешто не е во ред во начинот на кој играме фудбал, а понекогаш не станува збор само за тактиката и техниката. Станува збор за начинот на кој се соочуваме со конкуренцијата, за тоа како страдаме и како се лутиме кога губиме, и за начинот на кој ја браниме нашата гол – линија. Тоа се работи кои мораме да ги подобриме – и не се секогаш поврзани само со теренот, туку и со сè што се случува надвор од него.
Тоа чувство за кое зборувам – борбата до крај, начинот на кој се соочуваме со противниците. Не е во ред да губиме, не е во ред да играме нерешено. Нема значење дали можеме да ја смениме позицијата на табелата или не – тоа чувство нема врска со самодовербата. Станува збор за вербата и разбирањето дека ние сме Манчестер Јунајтед и не сакаме да бидеме најлошите во лигата. Нашата позиција е неприфатлива, и според мене, тоа не е недостиг на самодоверба, туку недостиг на нешто многу подлабоко“, заврши Португалецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
