Connect with us

Аморим: Ако не победиме и во финалето, не сме направиле ништо

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, не ја криеше радоста поради пласманот во финалето на Лига Европа. „Црвените ѓаволи“ победија со 4-1 во реваншот против Атлетик Билбао и ќе се борат за трофејот против Тотенхем. Португалскиот стратег призна дека веќе се грижи за тој натпревар, бидејќи ако неговиот тим не победи – тоа ќе биде како ништо да не направиле.

„Ова е најмалку што можеме да направиме за овие навивачи, за поддршката што ни ја дадоа во оваа тешка сезона. Веќе сум под стрес поради финалето. Ако не го освоиме, ќе биде како ништо да не сме направиле. Но, среќни сме што сме таму, па ќе видиме. Знам дека треба да бидам подобар менаџер, и тимот треба да биде подобар во овие моменти, но ние се трудиме. Игравме доста добро во Европа, но се мачиме во Премиер – лигата“, изјави Аморим.

Тој го пофали и стрелецот на два гола, Мејсон Маунт.

„Многу сум среќен за него. Тој е таков играч. Работи навистина напорно, има квалитет. Кога ќе видиш некој како Мејсон како работи напорно секој ден, се храни правилно, оди на ладни бањи – кога имаш таков играч, само сакаш да му помогнеш. Тој е совршен за оваа позиција, бидејќи може да игра како играч од средината, но трча и како крило, па навистина сум радосен за него. Кога имаме целосен состав, можеме да размислуваме за подобри настапи. Понекогаш преживуваме со играчи на туѓи позиции, но со повеќе опции можеме да ја смениме играта и да продолжиме напред. Тоа може да ни помогне да победуваме натпревари“, додаде стратегот на Јунајтед.

„Само се грижам за следниот натпревар, се надевам дека нема да имаме нови повреди пред финалето. Ако не победиме, како ништо да не сме направиле. Мораме да имаме целосен состав против Тотенхем, да останеме во игра, да имаме малку среќа и да бидеме немилосрдни пред голот. Ситуацијата за мене и Постекоглу е слична. Ова е тежок момент за двајцата и еден од нас ќе победи. Ќе биде големо финале и ќе се обидеме да триумфираме. Тешко е да се опише какво е чувството да се биде менаџер на овој клуб – сакаш да им дадеш нешто на навивачите, бидејќи разочаравме во Премиер – лигата. Мораме да ги израдуваме со трофеј“, заврши Португалецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови