Францускиот прволигаш Лион потврди дека се водат преговори со американскиот бизнисмен Џон Текстер за купување на најголемиот удел во акциите на фудбалскиот клуб, пренесоа француските медиуми. „Игл фудбал холдинг“ е во напредни разговори за стекнување на контролниот пакет на претседателот Жан-Мишел Оулас. Текстер има удел во премиерлигашкиот клуб Кристал Палас.
Лион освои седум последовни шампионски титули на Франција од сезоната 2001/02, но драстично падна во последниве години откако катарскиот инвестициски фонд го купи Пари Сен Жермен.
Фудбалските клубови привлекуваат милијардери и олигарси од целиот свет поради огромните приходи од телевизиските права и профитабилниот недвижен имот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













