
Работнички в недела ќе биде домаќин на Тиквеш на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари во деветтото коло од Првата фудбалска лига. Левиот бек Дин Аломеровиќ вели дека атмосферата во тимот е позитивна и тој и соиграчите размислуваат единствено за победа на претстојниот дуел.
„Го респектираме Тиквеш, тие покажаа дека се одличен тим, но и ние веруваме во своите квалитети и размислуваме за победа. Ако го дадеме максимумот и ги исполниме тактичките замисли на шефот Милан Илиевски, верувам дека можеме да ги освоиме трите бода. Нема да биде лесно, но ние сме максимално мотивирани за успех“, вели Аломеровиќ за официјалниот сајт на клубот.
Натпреварот меѓу Работнички и Тиквеш е закажан за в недела, со почеток во 14 часот, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а ќе суди Александар Ставрев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
