Connect with us

Алисон, ти ли си? Голманот на Ливерпул без брада наликува на сосема друг човек

Еден од најдобрите фудбалски голмани во светот, членот на Ливерпул, Алисoн Бекер (31), го смени својот изглед откако ја избричи брадата која со години го красеше неговото лице. Навивачите на клубот се во шок, а многумина од нив и во неверување поради драстичната промена во изгледот на омилениот играч.

Неговата густа брада беше едно од првите нешта што навивачите би го спомнале доколку треба да го опишат бразилскиот голман. Сега одлучи да го смени својот имиџ, слично како што направи пред последното Светско првенство, но тогаш не издржа долго со тој изглед.

Неговото свежо избричено лице не им се допадна на многу навивачи на клубот, пишува „Дејли Мејл“ и истакнува неколку од коментарите: „Мојот ден е официјално расипан“, „Луѓе, ова воопшто не ми се допаѓа“, „Зошто ја тргна својата аура?“

Алисон брани за Ливерпул од 2018 година и со клубот има освоено сè што можеше. Зад него се 268 одиграни натпревари за клубот. Прими 238 гола, а 117 пати ја зачува својата мрежа недопрена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови