Германија е исправена пред македонските репрезентативци, но иако се знае фаворитот, сепак, Македонија нема намера да се предаде така лесно. Левиот бек на македонската репрезентација, Езгјан Алиоски, во изјава за германски „РТЛ“ вели дека сè е можно во фудбалот со малку повеќе верба и со поддршка од многубројната публика.
„Јасно е кој фаворит во овој дуел, но Германија е секако повторно огромен предизвик за нас. Играме против светска велесила која на секој натпревар влегува како голем фаворит. Но, ние мора да веруваме во себе, мора да го дадеме максимумот и со поддршка од навивачите да се обидеме да дојдеме до позитивен резултат. Секој освоен бод од овој меч многу ќе ни значи за последните два ноемвриски квалификациски дуели во битката за второто место во групата”, изјави Алиоски пред денешниот официјален тренинг на арената „Тодор Проески”.
Мечот меѓу Македонија и Германија ќе се одигра утревечер, со почеток во 20.45 часот. Билетите се распродадени и Македонија ќе има поддршка од околу 16.000 гледачи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)













