Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски прослави голем јубилеј, 300 натпревари на клупски план во својата кариера. Херојот од Палермо кој во март ги уништи надежите на Италијанците дека ќе одат на Светското првенство, денеска ја заокружи убавата цифра.
Трајковски во кариерата играше за Интер Запрешиќ, Цулте Варегем, Мехелен, Палермо, Мајорка, Алборг, а сега е член на саудискиот клуб Ал Фејха.
„Одиграв 300 мечеви за клубовите во мојата кариера и секогаш ќе бидам благодарен за довербата која ја имаа во мене“, објави Трајковски.
Во дресот на Македонија, Александар Трајковски има 79 натпревари и 20 постигнати и е втор најдобар стрелец после Горан Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













