Најдобриот македонски судија Александар Ставрев е делегиран да го суди натпреварот од 18.коло во Првата лига меѓу Работнички и Пелистер. Тоа треба да биде неговиот последен меч во македонската елита.
Ставрев го судеше натпреварот меѓу Пелистер и Беса во минатото коло, доби пригодни подароци од домаќинот за одбележување на неговата кариера, па сите помислија и дека е тоа негово простување од судењето.
Сепак, Ставрев ќе се прости со меч на Националната арена „Тодор Проески“.
Дербито меѓу Шкендија и Гостивар ќе го суди Димитар Пилешков од Штип.
На натпреварот во Кратово меѓу Силекс и Вардар, правдата ќе ја дели Стојанче Трпчевски од Кавадарци.
Фуркан Идризи ќе го суди мечот Беса – Шкупи, Игор Стојчевски ќе биде главен судија на натпреварот Тиквеш – Брера, додека Александар Грујоски е делегиран на дуелот меѓу Струга Трим Лум и Воска Спорт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Наполи „заглави“ дома против Парма
Евро-фудбал
Ливерпул нуди 184 милиони евра за Џуд Белингам!
Евро-фудбал
Дарвин Нуњез доаѓа во Фенербахче?













