Connect with us

Александар Ставрев ќе го суди грчкото дерби ПАОК – Олимпијакос

Најдобриот македонски судија Александар Ставрев в недела нема да суди прволигашки фудбал во Македонија, туку е делегиран да ја дели правдата на грчкото дерби ПАОК – Олимпијакос.

На барање на Фудбалската федерација на Грција, судиите за дерби натпреварите се делегираат од странство, а Ставрев ќе има тешка задача на големото дерби кое ќе се одигра во Солун. Помошници ќе му бидат Костадинов и Петрески, а четвртиот судија е од Грција.

Естонскиот судија Товер ќе дели правда на мечот меѓу Панатинаикос и Арис.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови