Алберто Џилардино, поранешен напаѓач на Парма, Милан и Фиорентина како и на италијанската репрезентација, го има првиот тренерски ангажман во сениорскиот фудбал.
Тој го презеде кормилото на тимот на Џенова кој се натпреварува во Серија Б.
Џилардино од почетокот на оваа сезона го предводеше младинскиот тим на клубот, а на клупата ќе го замени Александер Блесин.
Џенова сакаше експресно враќање во Серија А, но на последните пет натпревари не забележа победа, а сето тоа кулминираше со пораз од 0-1 од Цитадела на домашен терен. Има уште добри шанси бидејќи е на петтото место на табелата и шест бода зад Реџина, која е на место кое води во повисок ранг.
Џилардино имаше богата фудбалскаа кариера во која го освои Светското првенство во 2006 година со репрезентацијата, како и Лигата на шампионите со Милан во 2007 година.
🔴🔵 Benvenuto Mister! pic.twitter.com/b7f1jm7Wwi
— Genoa CFC (@GenoaCFC) December 6, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид













