Connect with us

Албанците освоија историски бод, Хрватска е пред рана елиминација (ВИДЕО)

Хрватска и Албанија одиграа 2-2 во драматичен меч во Хамбург. Албанците освоија историски прв бод на европските првенства, а Хрватска која беше пред амбис, а потоа само неколку минути ја делеа до победа, на крајот се соочуваат со можна рана елиминација на ЕВРО 2024.

Хрватска одигра под своите можности, посебно во првото полувреме. Албанија во 11.минута успеа да дојде во водство со голот на Ќазим Лаци, по асистенцијата на Јасир Асани.

Хрватите не успеаја да возвратат во првиот дел, но се вратија многу посилни после одморот. Златко Далиќ направи неколку промени, а Крамариќ успеа да израмни во 74.минута. Само две минути подоцна, Ѓасула си постигна автогол за целосен пресврт.

Но, и тоа не беше сѐ. Албанија не се предаеде, тргна со сите сили во напад и стигна до израмнување во 94.минута, токму со голот на Клаус Ѓасула кој претходно ја погоди сопствената мрежа.

Во третото коло, Хрватска ќе игра против актуелниот европски првак Италија, а Албанија оди на мегдан на Шпанија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови