 
																												
														
														
													Саудискиот клуб Ал-Хилал повторно го активира интересот за напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез. Според информациите, новиот тренер на тимот, Симоне Инзаги, лично побарал од раководството да го ангажира уругвајскиот напаѓач, откако Виктор Осимен веќе одбил неколку понуди од Ал-Хилал.
Нуњез е трансферна цел и за Наполи, а според информации од водечкиот спортски портал во Ријад, Милан веќе испратил официјална понуда вредна 60 милиони евра (52 милиони фунти) до Ливерпул за негов ангажман.
Ливерпул првично бара околу 70 милиони фунти за својот главен напаѓач, сума која најверојатно може да ја понуди само клуб од Саудиска Арабија. Нуњез веќе ги прифатил личните услови со Наполи и првично ја преферирал преселбата во италијанскиот шампион, но не сака повеќе да чека и сака што побрзо да се реши неговата иднина.
Од „Енфилд“ исто така се заинтересирани за брза продажба, за да можат да се насочат кон доведување на нов напаѓач.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														