
Ал-Хилал е блиску до ангажман на Дарвин Нуњез, откако е постигнат усмен договор со Ливерпул. Двата клуба се подготвени за реализација на зделката, а сега сè зависи од одлуката на Нуњез, бидејќи преговорите за личните услови сè уште траат.
Понудата за договор била испратена до уругвајскиот напаѓач минатиот викенд, а конечната одлука се очекува наскоро. Ал-Хилал интензивно притиска за реализација на трансферот.
Дарвин Нуњез е играч кој Симоне Инзаги го смета за приоритетна цел ова лето.
Уругваецот се поврзуваше и со можна преселба во Серија А, прво во Наполи, а потоа и во Милан, но неговата голема плата на крајот пресуди трансферот да не се реализира.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski