Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски не е веќе член на саудискиот клуб Ал-Етифак. Клубот потврди дека спогодбено го раскинал договорот со дефанзивецот.
„Ал-Етифак потврдува дека спогодбено го раскина договорот со Дарко Велковски. Благодариме Дарко, за сѐ што направи за клубот“, објави Ал-Етифак.
Дарко Велковски од вчера тренира со својот поранешен клуб Работнички, во пресрет на стартот на подготовките на националниот тим за натпреварите против Италија и против Малта.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement