Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт утре нема да ја има маскотата која носи среќа во финалето на Лигата на Европа против Глазгов Ренџерс. Поради строги правила на владата на Шпанија, орелот Атила нема да може да лета над трибините на стадионот „Санчез Пижуан“, како што тоа го прави на секој натпревар на Ајнтрахт во Бундес – лигата.
Забраната се должи на фактот што шпанското законодавство е многу строго за влезот на животни во државата. Орелот Атила требаше да биде во 15-дневен карантин, но и да добие специјална дозвола од УЕФА.
Атила живее со својот тренер и сопственик Норберт Лавичка, во близина на Гелнхаузен (45 километри источно од Франкфурт), во птичарник со дијаметар од 30 метри и висина од седум метри. Тој достигнува брзина на летање од 320 km/h и може да живее до 70 години.
Од 2006 година, тој лета секогаш кога Ајнтрахт Франкфурт игра дома, а исто така го направи својот ритуален лет и на трите стадиони каде германскиот тим ги одигра последните три финалиња (две за Купот на Германија и едно за националниот Суперкуп). Сепак, нема да може да присуствува и во Севилја.
Финалниот натпревар меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов Ренџерс се игра утревечер (21 часот) на стадионот „Рамон Санчез-Пижуан“ во Севилја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













