Connect with us

Ајакс даде 13 гола, постави нов рекод во Ередивизие

Холандскиот гигант Ајакс испиша нова историја во Ередивизие. Оствари неверојатен триумф на гости против Венло и славеше со 0-13. Тоа е најголемата победа на еден тим во холандското првенство.

Ласина Траоре беше стрелец на пет гола, а бележеше и асистенции, а ветеранот Клас Јан Хунтелар влезе од клупата за резерви и постигна два гола за две минути. Тимот на Ерик Тен Хаг водеше со 0-4 по првиот дел, но во вториот постигна уште девет гола. 
 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови