
Поранешниот фудбалер на Барселона, Серхио Агуеро се уште не е свесен за причините кои довеле до аритмија на срцето. Проблемите со срцевиот мускул го забрзаа неговото пензионирање како професионален фудбалер.
Откако потврди дека е дел од стручниот штаб на аргентинската репрезентација за Светското првенство во Катар, Кун даде опширно интервју за „TyC Sports“.
„Моето срце чукаше многу брзо. Ќе продолжам да истражувам за да ја дознаам вистината. Физички бев добро. Не знам дали тоа е поради коронавирусот или поради вакцината. Но, нешто се случи. Со секој изминат месец, почнав да чувствувам чудни симптоми кои никогаш порано ги немав. Чудно е“, призна Агуеро.
„Веќе размислував да се откажам. Знаев дека сум стар и ми преостануваат уште неколку години, но не очекував дека тоа ќе се случи на ваков начин. Барса и јас многу лесно се договоривме“, додава Аргентинецот.
Агуеро додаде дека се плаши повторно да игра, а лекарите му рекле дека навистина имал среќа што не му се случил инфаркт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
