Агентот на Ромелу Лукаку уверува дека Инетр му е сè уште “слаба точка” на напаѓачот. Белгискиот репрезентативец беше критикуван од приврзаниците на “нераѕурите” откако побара трансфер на “Стемфорд Бриџ”, само неколку денови по неговото уверување дека е во “својот дом”.
“Интер е во срцето на Лукаку“, увери агентот Федерико Пасторело. “Луѓето можат да кажат што сакаат, но ова е факт. Професионалецот треба да оцени други аспекти надвор од сентименталното, односно она што е најдобро за неговата кариера. Тој е среќен во Лондон, сконцентриран на новиот проект, но сепак го следи Интер и нивните игри со голема наклоност.”
Челси го врати Белгиецот за рекорден трансфер од 115 милиони евра, овој потег ги налути повеќето навивачи на сината страна на Милано, па како резултат, беше обезличен муралот од Лукаку пред “Сан Сиро”. Тој постигна 64 погодоци и придонесе за 16 асистенции во вкупно 95 настапи во дресот на Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













