
Францускиот репрезентативец Адриен Рабио како слободен агент сака да се пресели во некој од водечките клубови од Премиер – лигата, а негова желба е да живее во Лондон.
Агентот на играчот од средниот ред Адриен Рабио стапил во контакт со Арсенал и со Тотенхем за потенцијален трансфер на играчот, пренесуваат меиумите на Островот.
На 18 јули Јувентус најави заминување на играчот од средниот ред поради истекот на неговиот договор. Оттогаш, Рабио се споменуваше како потенцијално засилување за многу клубови, но официјално сѐ уште не се реализираше неговиот трансфер.
Рабио играше за Јувентус од 2019 година. За тоа време, 29-годишниот Французин стана шампион во Серија А, како и двократен победник на Купот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski