Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го игра вториот натпревар од квалификациите за Светското првенство во Катар. По поразот (3-2) од Романија можеа да се извлечат одредени поуки, реализацијата на шансите треба да биде на многу повисоко ниво, а дел од силите треба да се сочуваат и за гостувањето против Германија во Дуисбург в среда. Со оглед дека ривал е Лихтенштајн, селекторот Игор Ангеловски може да си дозволи да направи неколку промени во составот, и да ја сочува свежината кај капитенот Горан Пандев, Илија Несторовски и кај Бобан Николов.
На нивно место во стартниот тим треба да влезат Аријан Адеми, Стефан Спировски и Александар Трајковски.
Столе Димитриевски ќе биде на голот, а нема да има промени ниту во последното трио кое ќе го сочинуваат Егзон Бејтулаи, Висар Муслиу и Кире Ристевски.
Аријан Адеми и Стефан Спировски ќе играат во средниот ред, заедно со Енис Барди, кој ќе добие многу поофанзивна улога во маневарот. На страничните позиции многу поофанзивни ќе бидат и Стефан Ристовски и Езгјан Алиоски, а во нападот овојпат ќе биде прекомандуван Елиф Елмас со слобода да креира, да доздава шанси, но и да реализира. Заедно со него во нападот треба да биде и Александар Трајковски.
Во опција секако се и Влатко Стојановски, Агим Ибраими, Даниел Аврамовски, Марјан Радески, за второто полувреме од мечот.
Македонија е апсолутен фаворит против Лихтенштајн и победата не треба да биде доведена во прашање. Сепак, ќе треба фаворитската улога да се докаже и на теренот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski