Connect with us

Адеми се врати на тренинзи, ќе биде ли подготвен за пресметката со Италија?

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се врати на тренинзите на Динамо Загреб. Отсуствуваше речиси три седмици, а ќе има околу десетина дена добро да се подготви за плејоф натпреварот што Македонија ќе го игра против европскиот првак Италија во Палермо, за пласман на Светското првенство во Катар.


Адеми се повреди на 20 февруари, кога соиграчот Јосип Мишиќ при еден судир го повреди неговиот бутен мускул.

Во Динамо Загреб веруваат дека Адеми ќе заигра уште овој викенд на вечното хрватско дерби против Хајдук Сплит. Во најлош случај Адеми треба да биде на клупата и да влезе во игра во текот на мечот.

Присуството на Аријан Адеми во селекцијата на Македонија е од исклучително значење, особено за овој дуел против Италија, кога селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на суспендираните Елиф Елмас и Тихомир Костадинов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови