Абдул Руатубјаје кој до неодамна го носеше дресот на Шкупи, во продолжение од сезоната ќе го носи дресот на Брера. Тој по раскинување на соработката со прволигашот од Чаир реши да се пресели во Струмица и веќе се приклучи на тимот предводен од Горазд Михајлов.
Станува збор за искусен дефанзивен фудбалер кој во Македонија дојде во јануари 2021 година и беше дел од шампионскиот состав на Шкупи. Се врати во Руанда каде играше за Рајон Спортс, а од февруари беше повторно дел од Шкупи за кој ги одигра и првите четири натпревари од новото првенство.
Руатубјаје во својата кариера три сезони беше и во неколку клубови во САД и седум години во својата држава. Тој е репрезентативец на Руанда за која има 33 настапи, а има постигнато три гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













