Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, не мисли дека битката за титулата во Премиер – лигата сега се води само меѓу неговиот тим и Манчестер Сити, откако Ливерпул заостана по поразот од Евертон минатата недела. В недела „топчиите“ гостуваат кај Тотенхем во дербито на северен Лондон, во еден од решавачките натпревари до крајот на сезоната.
„Ние сме во битката. Мораме да се погледнеме себеси, да се обидеме да се претставиме на најдобар можен начин, да ги добиеме нашите натпревари и да видиме што ќе се случи. Дали битката сега е само меѓу два тима? Мислам дека не. Оваа лига е екстремно напорна и може да има уште многу пресврти. Сите знаеме колку е тешко да се победува на сите натпревари“, изјави Артета.
Тој со пофални зборови се изрази за менаџерот на Тотенхем.
„Многу сум импресиониран од она што го прави Постекоглу. Не сум изненаден бидејќи го познавам од времето кога работеше во Австралија, кога беше во Јапонија, го следев во Селтик. Во текот на целиот период, тој отсекогаш бил многу јасен со насоката и идентитетот на начинот на кој игра неговиот тим. Сигурно ќе бидеме подготвени“, изјави Артета.
Шпанецот откри дека сѐ уште има шанси Јуриен Тимбер да биде составот за дербито, но одлуката ќе биде донесена утре.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Паладино е нов тренер на Аталанта
Евро-фудбал
Рома најмалку еден месец без Артем Довбик
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













