Баерн Минхен е најновиот кандидат за ангажман на централниот дефанзивец на Џенова, Раду Драгушин, пишува „Билд“. Досега се веруваше дека дефанзивецот е сигурна работа за Тотенхем, а англискиот клуб веќе испрати понуда за него и ги договори неговите лични услови.
Баварците напорно работат да ја засилат одбраната и токму 21-годишниот романски интернационалец е последното име на нивниот список. Се верува дека Џенова ќе сака 30 милиони евра за својот дефанзивец – сума која не е проблем за Баерн.
Драгушин има 22 настапи, два гола и една асистенција за Џенова во сите натпреварувања во досегашниот тек од сезоната. Го следат голем број тимови, а за него покрај Тотенхем се интересира и Наполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













