
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, изрази задоволство од денешната победа (0-3) против Емполи и увери дека периодот на неубедливи резултати на „росонерите“ е веќе завршен.
„Моравме да бидеме внимателни во текот на целиот натпревар. Имаше моменти во сезоната кога имавме предност од 2-0 на паузата, а потоа губевме бодови, но денес покажавме правилен став. Дефинитивно тоа беше позитивен настап. Ни треба многу подобра втора полусезона во однос на лани. Дефинитивно, сега мораме да бидеме подобри. Загубивме неколку бодови, но сега сакаме да се вратиме на нашиот начин на игра. Веќе размислуваме за следниот натпревар. Мислам дека негативниот период е веќе зад нас. Растеме и играме на добро ниво. Сега ќе се сретнеме со Аталанта во Копа Италија и повторно ќе дадеме сѐ од себе“, изјави Пиоли по денешниот дуел.
Милан се наоѓа на третата позиција со 39 бода, девет помалку од лидерот Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
