
Клаудио Ечевери, 17-годишниот аргентински репрезентативец, е на прагот да потпише за Манчестер Сити. Европскиот шампион е во завршни преговори со Ривер Плата околу трансферот на капитенот на кадетската репрезентација на Аргентина. Тој се најавува како наследник на Лео Меси во земјата на „гаучосите“.
Манчестер Сити на Ривер ќе и плати 20 милиони евра, а Ечевери ќе остане во аргентинскиот клуб на позајмица додека не стане полнолетен.
Двата клуба претходно имаа ваков договор околу трансферот на Хулијан Алварез.
За првиот тим на Ривер, Ечевери одигра шест натпревари и забележа една асистенција. Тој ја воодушеви фудбалската јавност на Светското првенство за играчи до 17 години кога постигна пет гола, вклучително и хет-трик против Бразил во четвртфиналето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
