Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, повторно влезе во историјата на францускиот фудбал со своето следно забележително достигнување.
Францускиот репрезентативец постигна два гола во дуелот од Лига 1 против Мец во успехот од 3-1. Головите беа број 181 и 182 за напаѓачот во францускиот шампионат. Така тој „упадна“ во Топ 10 на стрелците на сите времиња во Лига 1.
166 од 182 гола на Мбапе се постигнати во дресот на Пари Сен Жермен.
Со двата гола против Мец, Мбапе ги мина Карлос Бјанки и Хунар Андерсон, кои ја делат десеттата позиција со исто толку голови – 179.
Лидер на вечната листа на стрелци во Лига 1 е легендата Делио Онис со 299 голови. Втор е Бернар Лакомб со 255.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal