
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја предупреди Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) на можни санкции, вклучително и суспензија од меѓународните натпреварувања, поради потенцијално мешање во изборот на новиот прв човек на организацијата.
ФИФА е загрижена за претстојниот избор на претседател на бразилската централа на местото на Едналдо Родригез, кој е закажан за јануари 2024 година. Светската фудбалска организација смета дека одлуката е неоснована и се заканува со санкции за конфедерацијата, вклучително и суспензија на бразилскaтa репрезентација од учество на меѓународни турнири.
„Ова исто така ќе значи дека претставниците на ЦБФ, тимовите и клубовите повеќе нема да имаат право да учествуваат на меѓународни натпревари додека е на сила суспензијата“, се вели во отвореното писмо на светската централа.
На 7 декември, судот во Рио де Жанеиро го суспендираше Родригез од работа за ЦБФ. ФИФА смета дека оваа одлука е кршење на сопствената повелба за немешање од страна на државните органи.
ФИФА во Бразил ќе испрати своја специјална делегација која ќе пристигне на 8 јануари. Доколку дотогаш се направи избор на нов претседател, ќе следуваат казни за бразилскиот фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
