Истрагата на Премиер – лигата за Манчестер Сити продолжува со многу бавно темпо, но има развој на настаните. Според „Дејли мејл“, двете страни се договориле за датумот клубот да биде сослушан од независна комисија на крајот на следното лето. Англискиот шампион е обвинет за 115 финансиски неправилности во текот на 14 сезони.
Истрагата на „граѓаните“ започна во 2018 година. Познавачите на ситуацијата веруваат дека процесот можеби нема да биде завршен до крајот на следната сезона, кога истекува договорот на Пеп Гвардиола со клубот. Истрагата се одвива под највисоки можни безбедносни мерки и моментно е во фаза на земање изјави од сведоци, што би можело да трае до следната пролет.
Ако судењето продолжи во таа временска рамка, пресудата може да се очекува во летото 2025 година. Сепак, тоа може да биде одложено ако развојот оди против Манчестер Сити. Клубот нема право на жалба до Судот за спортска арбитража, но ќе бара други алтернативи.
Повод повторно да се зборува за истрагата на „граѓаните“ беше казната која ја доби Евертон.
„Карамелите“ беа санкционирани со одземање на 10 бода за едно прекршување на финансиските правила на Премиер – лигата. Според многумина, доколку се користеа истите критериуми, Манчестер Сити треба да испадне од елитата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати













