
Јувентус и официјално го објави новиот договор на својот централен дефанзивец Федерико Гати, кој е со важност до летото 2028 година.
Дефанзивецот беше купен од „старата дама“ со изненадувачки трансфер во јануари 2022 година. Тогаш клубот му плати на Фросиноне 5,4 милиони евра за Гати, кој ја заврши сезоната во Серија Б како дел од неговиот поранешен тим пред да им се приклучи на „бјанконерите“ летото истата година. Најпрво играше споредна улога во тимот на Масимилијано Алегри, но од март тренерот се повеќе се потпира на него како стартер во одбраната на тимот.
Така, 25-годишниот играч, чија кариера започна во Серија Д, за Јувентус има запишано вкупно 34 натпревари со три гола, а има седум натпревари оваа сезона. Покрај тоа, со настапите за клубот стигна и до репрезентацијата на Италија за која досега има одиграно два натпревари.
✍️ 𝗚𝗔𝗧𝗧𝗜 2️⃣0️⃣2️⃣8️⃣
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) October 25, 2023
Fede extends his stay in ⚪⚫!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
